Бугарската претстава „Фустанот за бегство“ вечерва на сцената на Центарот за култура
Љубителите на театарската уметност вчеравечер во рамките на 27 -то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ имаа можност да уживаат во претставата „Секс, лаги и љубомора“ на народниот театар од Охрид, во режија на Коле Ангеловски.
Улоги: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Адријана Билаловиќ- Тодороска, Елизабета Стефановска, Билјана Билаловиќ – Вељаноска и Марија Новак.
Вечерва на репертоар е претставата „Фустанот за бегство“ на театарот од Враца, Бугарија, во режија на Владлен Александров.
Претставата е со почеток во 20 часот.