Изложба на слики од ликовната колонија „Куманово 2023“
Изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2023“, утре во 12 часот ќе биде отворена во Музеј Куманово како дел од програмата за Европски денови на културното наследство.
Станува збор за продукција од 21 слика изработени во разни сликарски техники: масло, акрил и комбинирани, а учествуваат 11 академски ликовни уметници од Македонија, Србија, Романија, Турција и од Босна и Херцеговина.
Изложбата е поддржана од министерството за култура и туризам и од општина Куманово, а во салонот на уметничката галерија ќе биде поставена до 07 октомври годинава.