Новороденчето чија мајка почина во Општа болница е на респиратор

Лекарите од Детска клиника ја следат состојбата на новороденчето чија мајка почина во петокот (27 септември) при породување во кумановската општа болница, соопштија денеска од Клиниката за детски болести, објави МИА.

Оттаму велат дека не можат да прогнозираат каква ќе биде состојбата со новороденчето.

– Новороденото е на респираторна машина. Продолжува третманот, рано е дадеме некаква прогноза за последиците. Сè уште е во тешка општа состојба и е на респиратор, изјави директорот на болницата, Реџеп Мемеди.

Триесет и едногодишна родилка од Куманово почина во петокот при породување во кумановската општа болница.

Јавното обвинителство ги чека резултатите од обдукцискиот наод, а истрагата ќе треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка.