Крводарителска акција во касарната Боро Менков

Општинската организација на Црвен крст од Куманово заедно со Институтот за трансфузиона медицина вчера реализираше крводарителска акција во касарната Боро Менков.

Во акцијата која траеше од 09 до 13 часот, својата хуманост на дело ја покажаа 44 крводарители.

Претходниот ден, пак на втори окотмври, претставници од Црвен крст Лесковац , Србија го посетија Црвениот крст во Куманово.

„Целта на оваа посета беше потпишување на протокол за програмска соработка помеѓу овие две организации, да се обезбеди координација во делувањето на двете општински организации во областа на здравствени и социјални активности за реализација на програми и размена на искуства од областа на крводарителството, размена на програми за здравствена едукација, прва помош, социјална работа, обезбедување помош во случај на природни катастрофи, од областа на Млади на Црвен крст, а соработката и размена на искуства ќе се реализира и во сите други програмски области кои се од заеднички интерес“, соопштија надлежните.