По повод Светскиот ден на учителот, традиционално беа доделени признанија на најдобрите наставници во предучилишното, основното и средното образование во претходната учебна година, во организација на Сојузот на просветни работници. За најдобри одделенски наставници беа прогласени Станче Штерјовска од ООУ „Крсте Мисирков“ во Куманово и наставничка од Охрид, додека пак, за најдобри наставници од заедниците се прогласени Валентина Каранфиловиќ од СОУ „Гоце Делчев“ во Куманово и наставничка од Скопје.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска во своето обраќање на свеченоста кажа дека наставниците ќе ги добијат заслужените повисоки плати, ќе имаат поголеми можности за кариерен развој, а подобрувањето на условите во кои работат е меѓу приоритетите на оваа Влада.
Во вестите во 18 и 22 часот проследете ги изјавите од најдобрите наставнички од Куманово за претходната учебна година, Станче Штерјовска и Валентина Каранфиловиќ.
