Благица Димитровска од „Инклузива“ гостува во СТАВ

Во емисијата СТАВ вечерва гостува Благица Димитровска, претседателка на здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“. Кои се новите бесплатни услуги што ги нуди здружението „Инклузива“ во новоотворениот реновиран објект спроти основното училиште „Толи Зордумис“, има ли интерес за соработка со стручниот тим во „Инклузива“, дали учениците сакаат да бидат дел од инклузивните спортски активности, колку Куманово е инклузивна општина во однос на пристапноста на лицата со телесна попреченост и колку е важно да не се гледа попречноста, туку да се почитува личноста, се дел од темите на кои разговараме во СТАВ со Димитровска.

Коментари

коментар(и)