Неколку интервенции на пожарникарите изминатиот викенд
Територијалната противпожарна единица Куманово во текот на изминатото деноноќие бележи неколку интервенции.
Според билтенот на Регионалниот центар за управување со кризи, пожарникарите гаснеле три контејнери и напуштена гаража покрај пругата во местото викано Бавчи, опожарен контејнер во село Горно Којнаре и опожарено ѓубре во село Романовце.