Во средното техничко училиште „Наце Буѓони“ згасна паралелката конструкциски механичар, од причина што веќе подолг временски период нема интерес од учениците за трет степен образование, информира директорот Драган Јаневски.
Годинава, за првпат со помал број на паралелки новата учебна година ја започнаа и гимназијата „Гоце Делчев“, „Сами Фрашери“ и стручното училиште „Перо Наков“.