Загина жена од Матејче во сообраќајна несреќа
Седумдесет и седумгодишна жена од липковско почина на скопските клиники откако се здобила со тешки повреди во сообраќајна несреќа. министерстовот за внатрешни работи соопшти дека вчера попладне во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кон с. Горно Којнаре, патничко возило „сузуки“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 21-годишна девојка од Горно Којнаре, удрило во 77-годишна жена од с.Матејче, липковско.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Општата болница Куманово, по што била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде подоцна починала.
Со телесни повреди се здобила жената што возела „сузуки“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.