Советниците на утрешната редовна седница ќе одлучат дали и во наредниот период ќе продолжат субвенционираните трошоци за општинскиот линиски превоз, за комуналните услуги, за наставните, воннаставните и спортските активности по пливање во Затворениот градски базен за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово. Ова се само дел од 34-те предложени точки на дневен ред.
Ќе се дискутира и за предлог – измени и дополнувања на буџетот на Општина Куманово за 2024 година, но и за неколку точки од областа на урбанизмот.
На седницата треба да биде презентирана и информацијата за превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото полугодие од 2024 година.
Седницата е со почеток во 10 часот, со директен пренос на Телевизија Плус.