Кумановските пожарникари во текот на вчерашниот ден интервенирале на опожарена семејна куќа и книжарница со магацински простор. Двете интервенции биле на различни локации, но пожарот избувнал во приближно време. Втората интервенција на улицата „Кирил и Методиј“ била пријавена само петнаесетина минути по опожарената куќа, информираат надлежните од Територијалната противпожарна единица Куманово.
И во двата одделни пожари е причинета материјална штета чија висина допрва ќе се утврдува, како и причините за настанувањето на пожарите.