Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Куманово во соработка со Општинскиот совет за превенција на детско престапништво во текот на изминатиот викенд организираа атлетска трка под мото „Кажи не на насилство“. На трката во повеќе дисциплини учествуваа ученици од прво до четврто одделение од повеќе основни училишта во Куманово.
Целта на овие натпревари е младите преку игра и дружење да го зголемат меѓусебното почитување и сите да придонесеме во напорите да се елиминира насилството како појава, особено меѓуврсничкото.