Се чистат градските гробишта во пресрет на Задушница

Екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ деновиве ги расчистуваат градските гробишта во пресрет на Митровденската Задушница која верниците ја одбележуваат в сабота.

Директорот на комуналното претпријатие Ненад Стојановски денеска апелираше до граѓаните кои што одат на Задушница, да го складираат сметот во вреќи кои ќе им бидат достапни на портирницата.

-Има доволно садови и контејнери за одложување на отпад, а граѓаните ќе можат да подигнат бесплатни џакови за смет на портирницата. Апелирам до граѓаните сметот што ќе го направат во петок и сабота да го складираат во црни џакови кои ќе им бидат достапни на самата портирница, ќе можат да ги подигнат и истиот смет да го одложат во контејнери или до контејнери, или до кантите ако бидат преполнети, можна е таква состојба затоа што ќе мора да исчистиме и по денот на задушница, изјави Стојановски.

Коментари

коментар(и)