Загина пешак на магистралниот пат во Карпош

64-годишен жител на село Облавце загина во сообраќајна несреќа вчера на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, во населбата Карпош. Сообраќајната несреќа се случила попладне околу 17 часот.

МВР соопшти дека на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода кога возило „пасат” со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д.(64) од село Облавце. Во несреќата пешакот загинал на лице место, а увид извршила екипа од СВР Куманово“, информира МВР.

 

Коментари

коментар(и)