Успешно завршен проектот „Неми сведоци“ на здружението „Доверба“

„Неми сведоци“ е проект на здружението на граѓани „Доверба“ – Куманово  чија цел е да придонесе за намалување на различните форми на насилство кај младите, преку зачувување на менталното здравје и психосоцијалната благосостојба на младите. Програмата се реализираше со ученици од мешан етнички состав од гимназијата „Гоце Делчев“, средното техничко училиште „Наце Буѓони“ и стручното училиште „Перо Наков“.

Во рамките на проектот отворени се и Центри за поддршка на ученици во три средни училишта, а како завршен настан од проектот „Неми сведоци“, здружението „Доверба“на атлетската патека кај техничкото училиште организираше „Трка за мир“ во која беа учествуваа стотина ученици од четири средни училишта вклучени во проектот.

Младите најпрвин со свои тела го испишаа мотото „НЕ БИДИ НЕМ СВЕДОК“ со што дадоа поддршка на своите соученици  да се вклучат во Центрите за поддршка на врсници. На настанот се приклучија и корисниците на „Порака наша”, како и претставници на Општина Куманово и на Секторот за образование.

На сите присутни им беа поделени маици со натпис „Поддршка од срце” и „Не набљудувај – реагирај!” На претставниците на вклучените училишта беа доделени благодарници за соработка.

Во трката не се избираше победник, туку сите заедно се победници.

Проектот е поддржан од Екуменска иницијатива жена Хрватска.

 

Коментари

коментар(и)