Годишно собрание на Меѓународната полициска асоцијација (ИПА) Регион Куманово се одржа викендов на кое присуствуваа педестина делегати и делегации на збратимени региони од шест европски држави. Пред делегатите беше презентиран извештајот за работа и финансискиот извештај на ИПА Регион Куманово за 2024, како и планираните активности за следната година.
Основни цели на здружението ИПА Македонија e да се организираат семинари, обука на членовите на здружението и граѓаните, организирање и учество во спортски и културни активности, обезбедување на социјална и секој друг вид на помош на членовите и нивните семејства и дружење на членовите на здружението, во согласност со принципите на ИПА и работата на Меѓународното полициско здружение.
Главната цел на здружението е да ја охрабри професионална соработка и личното пријателство меѓу своите членови, со меѓусебно почитување и поддршка меѓу членовите и нивните семејства, соработка со други организации и поединци, чии активности придонесуваат кон духовниот, културниот, општествениот и професионалниот развој на членовите, во согласност со принципите на ИПА.
На годишното собрание беа доделени и благодарници за соработка и поддршка на здружението ИПА Регион Куманово.
Повеќе детали за редовното собрание во Куманово од изјавите на Горан Маневски, претседател на ИПА Куманово и Игно Стојков, претседател на ИПА Македонија, во вестите во 18 и 22 часот.