Пријавени физички напади врз два ученика од наставници

27-годишен кумановец вработен во основно училиште вчера во 17 часот пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет, поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.00 часот, 40-годишен кумановец пријавил дека во основното училиште во кое учи неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Во одделен случај, во 17.30 часот во СВР Куманово, 41-годишен кумановец пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставник.

И во овој случај се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Коментари

коментар(и)