Прво место за невестинска фризура освои Наташа Додевска, сопственичка на фризерското студио „Нате“ изминатиот викенд на меѓународен натпревар на фризери одржан во италијанскиот град Катанија, во организација на Федерацијата на фризери на Италија.
Станува збор за натпревар во повеќе категории, а Додевска била единствената натпреварувачка од Македонија. Нивната работа ја оценувало десетчлено стручно жири, а фризерите во ограничен временски период од 45 минути, требало комплетно да ја завршат работата. Покрај фризурата се оценувал и целосниот стајлинг на моделот, вклучувајќи ја шминката, деталите и облеката.
Наташа се одлучила да изработи невестинската фризура од природна коса, без надградба и додатоци.
Од организаторите на натпреварот, покрај медал, пехар и плакета, добила и признание/сертификат за успешно претставување.