Само утре може да се подигнат ваучерите за инвертер во Центарот за вработување

Само утре во работно време министерството за енергетика ќе ги дели ваучерите за инвертери.

Граѓаните на Куманово кои добиле ваучер мораат да го подигнат утре од 09 до 15 часот во просториите на Центарот за вработување.

Ваучерите мора да се подигнат лично односно лицето кое аплицирало.

Министерството за енергетика вчера попладне на својата веб-страна објави дека на 7 ноември, четврток, ќе се подигнуваат ваучерите.

Ваучерите мора да се искористат до 30 ноември, после овој рок тие не важат.

Коментари

коментар(и)