На градскиот плоштад в недела бесплатно мерење на крвниот притисок и гликемијата

Хуманитарното здружение при Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри „За нас “, со поддршка на градот Куманово, в недела ќе организира бесплатно мерење на крвниот притисок и шеќерот во крвта на граѓаните. Хуманитарните активности, по повод Денот на ослободувањето на Куманово, ќе ги реализираат медицински сестри од Општа болница Куманово и Здравствениот дом.

Според соопштението од Здружението „За нас “, в недела, со почеток во 11 часот на градскиот плоштад ќе бидат поставени тенди каде што медицинските сестри ќе понудат бесплатно мерење на крвен притисок и на гликемискиот индекс, односно шеќер во крвта.

Истиот ден (недела), во 14 часот во кружната сала во поранешен комитет, проф.д-р Нико Беќароски ќе одржи предавање од областа на превенирање на здравјето преку здравственото воспитување за правилно користење на лекарствата и суплементите.

 

Коментари

коментар(и)