Опожарени две куќи во населбата Перо Чичо

Опожарени се две куќи во населбата Перо Чичо, а неколку лица поради вдишување на час побарале медицинска помош.

Секторот за внатрешни работи информира дека утрово во 07.13 часот во било пријавено дека на улицата „30 Јули“ во Куманово настанал пожар во две куќи, сопственост на Д.А.(44) и Г.Д.(60).

Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово, а неколку лица биле пренесени во Ургентен центар Куманово поради вдишување на чад.

Коментари

коментар(и)