Со голем концерт дочекана 80-годишнината од слободно Куманово
Кумановци вчеравечер заедно со дваесетина естрадни уметници од Македонија ги испеаја најголемите македонски хитови. На градскиот плоштад, по повод Денот на ослободувањето на Куманово настапија Владо Јаневски, ДНК, Тамара Тодевска, Ламбе Алабаковски, Антониа Гиговска, 2 Бона, Слаткаристика, Ивона Јо, Наум Петрески, Маргица Антевска, Пајак, Марио Арангеловски, Куку Леле, Мартија Станојковиќ, Лука Чомбе, Миле Кузмановски, Нино Величковски, Лара Иванова, Мартинијан Кириловски, Шпенд Латифи, ДЏ Боно и Фис бенд.
Претходно, во ресторан Грација се одржа гастрономска манифестација, ден на гравот – „Граше брате наше” во организација на здружението на дијабетичари и „Еко гард“ од Куманово.
Претходната вечер, во уметничката галерија се одржа традиционалната ликовна изложба на кумановски ликовни уметници, во организација на НУ Музеј Куманово.