Библиотеката „Тане Георгиевски“ организираше завршна манифестација по повод Месецот на книгата. Во малата сала на основното училиште „Крсте Мисирков“ свечено беа доделени благодарници, дипломи и награди на сите ученици кои постигнаа најдобри резултати во категории на литературен натпревар (поезија и проза), ликовен натпревар и натпреварот Млади библиотекари кој во мај продолжува на државно ниво.
Претходно, ученици од општинските основни и средни училишта пишуваа проза и поезија и изработуваа ликовни творби, во просториите на градската библиотека.
Годинава, најголем број награди од основните училишта освоија учесниците од ООУ „Толи Зордумис“. Петте ученички кои што успешно се претставија и во пишување проза и во поезија се под менторство на наставничката по македонски јазик Наташа Пешевска.