(ВИДЕО) Позитивни критики за манифестацијата „На смешка“

„На смешка“ ги оправда очекувањата. Кумановци покажаа дека имаат чувство, но и потреба за новитети во градот. Повеќе од два часа маестрален оригинален кумановски хумор на сцената на Центарот за култура, и покрај студената сала, не ги поколеба присутните да останат докрај и заедно со учесниците да уживаат во вечерта.

Горан Илиќ, Нема љутиш, Куманија, Ивана Аткинс, Кабаре Кабает и Марко Трајковиќ беа задолжени за промовирање на хуморот во повеќе форми, стенд ап, скечеви, вицеви.

Проектот е во организација на Асоцијацијата „Мулти Арт“ и Телевизија Плус, а поддржан од Општината, Советот и Секторот за култура.

-Идејата на манифестацијата  „На смешка“ е да им се даде шанса на аматерите- млади хумористи да се натпреваруваат, велат организаторите.

Насмеани, исполнети и со надеж дека настанот „На смешка “ ќе се случи и следната година, публиката, но и актерите имаа само позитивни критики за манифестацијата.

Освен од Општина Куманово, манифестацијата „На смешка“ е поддржана и од општествено одговорни компании.