Доделени награди за најдобра литературна творба
Во Занаетчиски дом вчеравечер беа доделени доделени награди за најуспешните литературни творби, за ученици од општинските основни и средни училишта, кои учествуваа на претходно распишаниот конкурс од 25 септември до 28 октомври оваа година, од Друштвото на писатели од Куманово во чест на 11 Ноември.
Љубителите на пишаниот збор имаа можност да ги проследат наградените творби во рамки на културно – уметничка програма, низ песна и модерен балет.
Во музичкиот мозаик настапија ученици од СОУ „Перо Наков”, СОУ Гимназија „Гоце Делчев” и ОСТУ „Наце Буѓони”.