Анета Шандева – Доневска е нов директор на ЈП „Куманово- план“

Анета Шандева – Доневска е нов директор на Јавното претпријатие за проектирање и урбанистичко планирање „Куманово план“.

– Најважно е да се продолжи со успешно и позитивно финансиско работење и остварување на целта за кое е формирано ова јавно претпријатие. Да обезбедиме рамномерен просторен и одржлив развој на општината, заштита и унапредување на животна средина и природа, заштита на културно- историски вредности за да создадеме услови за хумано живеење на нашите граѓани, вели Шандева – Доневска.

Шандева -Доневска е магистер по правни науки. Има долгогодишно работно искуство во приватниот сектор, во ЕСМ, ЕВН, АВРМ, а беше и советник во Совет на општина Куманово во мандатот 2017 – 2021 година.

На позицијата директор на „Куманово план“ доаѓа на местото на Сања Јакимовиќ – Петковска, која заминува во Царинската управа на Македонија.

 

Коментари

коментар(и)