Започна поставувањето на 138 улични светилки со соларно напојување во неколку ромски маала во Куманово со вкупна должина на осветлен пат од 11 километри, објави претседателката на Совет на општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.
Невладината организација „Ромалитико“ заедно со општина Куманово, ромската дијаспора и заедница до крајот на декември ќе ги осветли маалата Бавчи, Средорек, Карпи, улиците „Браќа Миладиновци“ и „Тане Георгиев“ во кои вкупно живеат повеќе од 2500 жители, напиша Ѓорѓиевска.