Во објектот на ТППЕ Куманово утре напладне ќе бидат презентирани реализираните активности за заштита и превенција од пожари на подрачје на општините Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце и придобивките од нив овозможени во рамки на проектот „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ фаза 2, кои ги реализираше Министерството за локална самоуправа со поддршка на Владата на Швајцарија.
На настанот ќе присуствуваат командирот на ТППЕ Куманово, Деан Илиевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, градоначалниците на Општините Липково и Ранковце, Еркан Арифи и Борче Спасовски, в.д. градоначалникот на Општина Старо Нагоричане, Бобан Цветановски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и директорот на Центар за развој на Североисточен плански регион, Младен Протиќ.