ВИДЕО: Изложба „Шпанска инспирација“ на средношколци од „Перо Наков“

Средношколци од „Перо Наков“ денеска во фоајето на центарот за култура ги изложија своите ликовни творби инспирирани од шпанската култура. Изложбата насловена „ Шпанска инспирација“ е поддржана од Амбасадата на Шпанија во Македонија.

Новоназначениот шпански амбасадор Рафаел Сориано  Ортис, освен што ја посети изложбата, денеска оствари прва официјална средба со градоначалникот Максим Димитриевски со кој разговарале за актуелната општествено – политичка состојба во земјава и регионот, со акцент на досегашната успешна комуникација и соработка меѓу двете држави.