Пронајдени и одземени ножеви од кумановец

Министерството за внатрешни работи соопшти дека на 14.12.2024 година во 23.45 часот во Куманово, полициски службеници го привеле А.Ц.(25) од Куманово затоа што кај него биле пронајдени и одземени два ножа.

Според МВР, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен поднесок по член 80 од Законот за оружје.

 

Коментари

коментар(и)