Полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 34-годишен жител на липковското село Матејче, информираат надлежните.
Според полицијата, при преглед кај него, биле пронајдени и одземени околу 840 парчиња пиротехнички средства.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.