Карцином на дојка кај женскиот пол е најчесто дијагностициран карцином и водечка причина за смрт од рак. Болеста вообичаено се поврзува со појава на грутка на кое било место на дојките или под пазувите, но постојат и други знаци кои можат да помогнат во порано откривање на заболувањето. За навремено дијагностицирање се препорачуваат чести прегледи кај лекар, ехо на дојките, а по потреба и мамографија.
Дигиталната мамографија овозможува да се добијат снимки од дојките во дигитален формат на компјутерски екрани и навремено да се постават дијагнози.
Кумановската болница последните две години располага со современ апарат за мамографија. Термин може да се закаже преку интегрираниот национален систем за електронско закажување и евидентирање
на медицински интервенции „Мој термин“.
Повеќе на темата од изјавата на спец. д-р Изаир Биљали, Општа болница Куманово