Фотоапарати, злато, боксерски ракавици запленети на Табановце
Во текот на изминатата недела цариниците на Граничниот премин Табановце заплениле фотоапарати, злато, кимона за карате и боксерски ракавици.
Странски државјани кои патувале со автомобил управуван од државјанин на Србија се обиделе да криумчарат злато.
– Во нивната намера се спречени од царинските службеници коишто извршија контрола на автомобилот при што во чантата на сопатничката, државјанин на Украина, открија 5 златни монети со проценета вредност од половина милион денари, информираат од Царинската управа.
Како што додаваат оттаму, по откривањето на монетите за нивен сопственик се пријавил трет патник инаку германски државјанин кој исто така патувал со истиот автомобил.
Професионални фотоапарати и опрема за фотографирање била пронајдена при контрола на автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, на влез во државата на граничниот премин Табановце.
– Службата за мобилен скенер, во надворешна преграда на влекач на товарно возило пронајде четири турбо компресори за патнички и товарни возила. Непријавените производи се откриени во возило со српски регистарски таблички, управувано од српски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце велат од ЦУ.