ВИДЕО: „Сликај од срце“ – завршен настан во ООУ „11 Октомври“

Во основното училиште „11 Октомври“ денеска се одржа завршен настан „Сликај со срце“ од проект на невладината организација ВОЕЦ, поддржан од општина Куманово. Целта е преку проектот да се поттикне креативноста и дигиталните вештини кај учениците, додека истовремено се подигнува и свеста за булингот, посочуваат организаторите на креативната работилница со ученици од деветто одделение.

Претходно, во холот на училиштето „11 Октомври“ беше организиран и шаховски турнир, за кој подетално ќе слушнете од изјавата на директорката Драгица Спасиќ.