Во текот на 2024 година завршени се повеќе инфраструктурни проекти за училишта во Куманово, соопштија надлежните од Секторот за образование. Инфраструктурно уредување на училиштата ќе продолжи и во наредната година преку проекти од министерството за образование и дрги проекти за енергетска заштита.
-Завршени се или привршува поставувањето на фасади на „Толи Зордумис“ и на „Христијан Карпош“, а претходно и „11 Октомври“. При крај е реконструкцијата на општинското основно училиште „Браќа Миладиновци“ за подрачното училиште во село Пчиња, а паралелно на тоа се работи на целосна реконструкција на општинското основно училиште „Кирил и Методиј“ село Романовце, подрачно училиште Агино Село. Аплициравме на многу проекти на повикот од Министерство за образование и наука за „Вера Которка“ за подрачното во Долно Којнаре на „11 Октомври“, на подрачно на „Кочо Рацин“, ќе се реконсруира и фасадата на „Браќа Миладиновци“ преку проект за намалување на аерозагадувањето, изјави раководителот на секторот Александар Јовановиќ.
Раководителот инфорираше и дека што тече изградба на ново училиште за гимназијата „Сами Фрашери“ , а преку МОН се чека реализација на фасада на „Вук Караџиќ“, одобрено е изградба на повеќе училишни спортски сали.