Експресниот пат Страцин (Чатал) – Крива Паланка ќе биде пуштен в сабота, а во втората половина на месецов и првиот дел од пругата кон Бугарија, Куманово-Бељаковце, најави премиерот Христијан Мицкоски.
Според премиерот, забрзано се работи и на автопатите на Коридорот 8 и Коридорот 10 д.
Мицкоски очекува поуспешна година на економски план, со раст на БДП меѓу 3,5 и 4 проценти, буџетски дефицит под 4 проценти и инвестиции од над милијарда евра.