Триесетина специјализанти ќе се вработат во болницата во Куманово
Во кумановската болница ќе се вработат 28 приватни специјализанти, но сепак ќе недостасуваат анестезиолози, ренгенолози, информираат надлежните.
– Овде подразбираме две групи на вработувања во формално правен аспект, ангажирање со трајно вработување на приватни специјализанти и по договор на дело што се, што треба да се трансформираат со вработувања на неопределено околу 1117 на ниво на целата држава. Од приватните специјализанти досега имаме од министерството најавено со решение и се подготвуваме во формално правна процедура сме да прифатиме 28 приватни специјализанти овде во Куманово, со тоа што во поголем дел на недостатокот на специјалисти во одредени области ќе биде надминато, но не и во целост. За жал, пак остануваме со горливиот проблем на недостаток на анестезиолози, ренгенолози итн. Сега за сега имаме во доволен број на анестезиолози, за следната година успеав да обезбедам присуство на уште 12 анестезиолози кои што ќе доаѓаат на испомош во Општа болница Куманово на хируршките оддели, но останува со тоа што од следната година поголем дел од нашите вработени анестезиолози заминуваат во пензија, изјави д-р Стефан Трајановски, директор на Општа болница Куманово.
-За 2025 година донесовме буџет, развојната програма е изгласана на Совет на општина Куманово, меѓутоа јас се надевам дека во јануари, февруари ќе има мал ребалнс, па ќе видиме заедно со директорот ќе се договориме, ако е нешто неопходно имаме техничка документација, секако дека ќе постапиме според нашите видувања, изјави Ивана Ѓорѓиевска, претседател на Совет на општина Куманово, во однос на новинарско прашање дали општината планира инфраструктурно обновување на патеките во болничкиот круг.