Во првото полугодие од учебната година 174 ученици се отпишале од основните и средните училишта во Куманово, информираа од Секторот за образование. Според раководителот Александар Јовановиќ, трендот на иселување од државата не запира, додека бројот на отпишани ученици е поголем во споредба со лани кога бројката изнесувала 131.
Инаку, зимскиот распуст за учениците од сите основни и средни училишта во државата ќе трае до 20 јануари. Училишната 2024/2025 ќе заврши на 10 јуни, а пролетен распуст ќе нема.
Министерството за образование и наука продолжи со воспоставената традиционална пракса на летен и зимски распуст, а учебната година да трае од 1 септември до 10 јуни.