И годинава голем број деца ќе бидат дел од Бадниковата поворка која здружението традиционално ја организира на шести јануари по повод празникот Бадник. Поворката ќе тргне од „Соколански парк“ во 09 часот и 30 минути, пеејќи ја песната Вечниот бог, најавувајќи го на достоинствен начин христовото раѓање, велат од здружението.
Поворката ќе заврши на плоштадот, ќе има богата уметничка програма, а подготвени се и подароци за најмалите. Пред централното празнување се одржуваа работилници на кои беа рачно изработувани златни ѕвездички, децата од основно и средно образование твореа творби, најуспешните ќе добијат соодветни награди.
– Пораката на бадниковата поворка е пренеси ја божиќната радост до секое срце , изјави Летка Филипова, регионален координатор на „Бадникова поворка“ од Охрид, на денот на поставувањето на Божиќната пештера на градскиот плоштад во Куманово.