Регионалниот центар за управување со кризи известува дека врз основа на информациите добиени од надлежните за зимско одржување од општините Куманово, Старо Нагоричане и Липково најголем дел од патните правци целосно се расчистени, а на дел од нив и денеска се интервенира.
Сите патишта се проодни, но движењето е во зимски услови, соопшти РЦУК.