ВИДЕО: Триста и пет згради во Куманово имаат станбени управители
Граѓаните кои што живеат во станбени објекти, најчесто имаат поплаки за комунални проблеми, информираат надлежните од Секторот за инспекциски надзор. Кумановци сметаат дека станбените управители треба да поведат иницијатива за секој проблем, но, напротив, иницијативата треба да почне од станарите, преку надзорните одбори за да се надмине проблемот.
Проблем се јавува и кога треба да се интервенира во простории кои што не се заеднички за станарите, изјави Бобан Бојковски од Секторот за инспекциски надзор Куманово.