ВИДЕО: Лажна е дојавата за поставена бомба во основното училиште „Магдалена Антова“, дојави во повеќе училишта
Лажна е дојавата за поставена експлозивна направа во основното училиште „Магдалена Антова“ во населбата Карпош, информира директорот Живко Стојковски. Заканата за бомба во училиштетото пристигнала на официјалниот мејл на Магдалена Антова“, по што учениците од прво до петто одделение биле безбедно евакуирани.
– Отворив мејл во 07:40 и видов дека на училишниот мејл има закана за бомба во училишето. Веднаш го известив ЦУК на 112, тие ме поврза со полиција, веднаш дојде полиција, крим техника од АНБ. Учениците веднаш беа безбедно евакуирнаи и го напуштија училиштето. Проверија, сите простории во и околу училиште, видоа дека нема ништo.Учениците ги известивме дека ќе се прави дезинфекција, тоа се мали деца, за да не се крева паника. Безбедно излегоа. Имавме вежби во случај на вакви појави, од пред две години кои се случија. Бидејќи се мали деца, да не се крева паника, да не настане било каков несакан ефект, затоа беа известени дека се прави дезинфекција и дека е вежба, појасни директорот.
По потврда од единиците за антитероризам дека нема никаква закана, директорот информира дека втората смена, односно учениците од шесто до деветто одделение ќе одат на настава.
Во меѓувреме, во десетина училишта во градот и кумановско пристигнале дојави за наводно поставени експлозивни направи. Станува збор за основните училишта: „Магдалена Антова“, „11 Октомври“, „Наим Фрашери“, „Христијан Карпош“ во населбата Перо Чичо, како и во подрачното во населбата Иго Тричковиќ, „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“, „Карпош“ во село Умин дол и „Јероним де Рада“ во селото Черкезе. Под закана е и ДСУ РЦССО „Киро Бурназ“ коЕ е под надлежност на Министерството за образование и наука.
Лажна е и дојавата за бомба во зградата на основното училиштето „Крсте Мисирков“, утврдија тимови на МВР и Агенцијата за национална безбедност.