ВИДЕО: Одбележана 81 годишнина од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош
По повод 81 годишнината од загинувањето на народниот херој Христијан Тодоровски Карпош, денеска пред неговата биста во куќата музеј во Куманово цвеќе положија делегации предводени од Здружението на борците од НОБ, од АРМ, Здружението на армиски и полициски ветерани, кумановскиот музеј, политички партии, граѓански здруженија.
Присутните со едноминутно молчење му оддадоа почит на херојот, но и на сите загинати во различните периоди од македонската историја. За учеството на Карпош во НОБ говореше Зора Ивановска од општинскиот одбор на сојузот на борци.
Христијан Тодоровски Карпош е еден од осумте народни херои на нашиот град за кој говореше директорката и историчар во НУ Музеј Куманово, Марија Живачки.