Започнува аплицирањето за субвенционирање за набавка на инвертер клима
Од денеска граѓаните на Куманово можат да аплицираат за субвенционирање за набавка на високоефикасен клима уред за затоплување во 2025 година.
Како што неодамна беше објавено на официјалниот сајт на општина Куманово, јавниот повик започнува од 10 февруари и ќе трае заклучно со 30 октомври 2025 година или до исцрпување на предвидените финансиски средства од буџетот на општина Куманово за оваа намена, во зависност од тоа кој услов ќе настапи прв.
Доколку бидат исцрпени сите предвидени финансиски средства од буџетот на општина Куманово за оваа намена, општина Куманово ќе ја информира јавноста на својата веб страна дека Јавниот повик е прекинат пред истекот на периодот за кој е објавен,
Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“, односно по редослед на аплицирање, со точно наведено датум и време на аплицирање.
Услови што треба да ги исполни барателот:
– да има живеалиште на подрачјето на Општина Куманово;
– домаќинството да нема искористено субвенции или право на поврат на средства за набавка на високо ефикасни инвертер клима уреди и/или печки на пелети од било кој извор и нема искористено надоместување на дел од трошоците за приклучна такса за приклучок на граѓаните на гасификациона мрежа на подрачјето на Општина Куманово ;
– да е корисник на печка/и на јаглен, дрва, нафта или мазут;
– набавениот уред да биде купен во 2025-та година се до завршување на Јавниот повик, истиот да биде исплатен во целост и да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот. Доколку уредот е купен на рати, истиот да биде купен во 2025 година и ратите да бидат исплатени во целост до денот на аплицирање;
– набавениот уред задолжително да ги има најмалку следните карактеристики: да има најмалку COP 3.5, да грее на надворешна температура од -15°C и биде најмалку А+ енергетска класа за потрошувачка на електрична енергија за греење;
– станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее;
– да нема приклучок на градска гасоводна мрежа во станбениот објект каде што ќе биде инсталиран уредот, без оглед на тоа дали го користи, и
– да нема техничка можност за приклучок на системот за гасоводната мрежа.
Само едно лице по домаќинство може да поднесе едно барање за добивање надоместок при што барањето може да опфаќа еден уред;
Повеќе домаќинства кои се водат на иста адреса задолжително да достават сметки од различни броила за електрична енергија како доказ дека се посебни одвоени домаќинства;
Барателите задолжително да прибават и достават потврда дека не се приклучени на градската гасоводна мрежа и немаат техничка можност за приклучување на истото (потврда од ЈП Куманово-Гас),
Барателот задолжително да достави потврда за платен данок на имот.