Запленети фалсификувани трговски марки во кумановски продажни објекти за облека и обувки

Фалсификувани трговски марки открија полициските службеници од СВР Куманово во содејство со Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат изминатата сабота во Куманово, соопшти МВР.

Надлежните органи постапувајќи по планот за сузбивање на нелегалната трговија со фалсификувани трговски марки, извршија контроли во 10 продажни објекти за текстил и обувки на подрачјето на Куманово. При контролата, како што посочуваат од МВР, во седум од објектите биле пронајдени и одземени вкупно 2403 пачиња текстилни производи и обувки од фалсификувани трговски марки.

Изготвени се записници за констатирана состојба, соопшти МВР.