Лина Аневска и Марио Пешевски од Атлетски клуб Куманово учествуваа на Балканско првенство во Софија
Лина Аневска и Марио Пешевски од Атлетски клуб Куманово настапија со репрезентацијата на Македонија на младинското Балканско првенство во сала, што се одржа во Софија на 8 февруари.
„Ова беше првенство за атлетичари/ки под 20 години, а тие двајца иако се 2 години помлади настапија солидно“, велат од клубот.
Марио настапил во трискок и за прв пат скокал од одразна даска на 13м. Натпреварот го завршил на 8-то место со скок од 13.27см.
Лина Аневска настапила во скок во далечина и во доста јака конкуренција завршила на 11-место, со 5.11м.
„Во оваа категорија под 20 години ( младинци/ки) Марио и Лина ќе може да настапуваат годинава и наредните 2 сезони, односно и во 2026 и во 2027 година, така што допрва очекуваме многу спортски успеси од нив во младинска категорија“, соопштија од Атлетски клуб Куманово.