Приведен германски државјанин заради обид за нелегално внесување на сомнителни предмети

На граничниот премин Табановце, викендов на влез во државата, полициски службеници лишиле од слобода германски државјанин на возраст од 49 години. Според МВР, при контрола во возилото „опел“ со германски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дробилка, шише исполнето со течност, пет ножеви, метална палка, 10 боци солзавец, електрошок, две радио врски и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

– Лицето било предадено во СВР Куманово за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.