Приведени две лица заради физички напад
Полициски службеници од СВР Куманово вчера лишиле од слобода 71-годишен кумановец заради тоа што физички ја нападнал неговата вонбрачна партнерка. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Вчеравечер бил приведен и 41-годишен жител на селото Младо Нагоричане бидејќи со тврд предмет нападнал две лица. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава, соопштија од СВР Куманово.