ВИДЕО: Седум големи потрошувачи годинава ќе се приклучат на гас

Седум нови објекти, големи потрошувачи годинава преку еколошки проект ќе бидат приклучени на гасоводната мрежа во Куманово. Како што соопшти директрот на јавното претпријатие Куманово гас, Марко Митровски станува збор за полициската станица во Куманово, Основен суд Куманово, Центарот за вработување, Центарот за социјална работа, основното училиште „Толи Зордумис“, основното музичко училиште „Панче Пешев“ и подрачното училиште „Крсте Мисирков“ и „Браќа Миладиновци“ кај Соколана. Во рамките на проектот, минатата година потрошувачи на природниот гас во Куманово станаа и средното техничко училиште „Наце Буѓони“,  училишната спортската сала и работилниците, како и Ученичкиот дом „Професор Мијалковиќ“.

-Сите овие објекти се планираат во оваа година да бидат наши потрошувачи, веќе се избрани фирми, проектирањето е во завршна фаза, бидејќи контактираме со тие фирми, даваме совети и помош колку сме ние надлежни, во наредниот период треба да се аплицира за дозволи за поставување на урбана опрема, колку што имам информација набрзо ќе се распишат и огласи да с еизберат фирми изведувачи  кои ќе ги изведуваат работите на тие објекти, ние како претприајтие се подготвуваме, ќе имаме некоја мала делница за да дојдем до нив со гасификација меѓутоа ќе го исполниме тоа и стоиме на располагање на тие институции, ќе го направиме приклучокот и во наредната 2025/26 грејна сезона и тие да станат наши потрошивачи каде што треба да се зголеми потрошувачката на природен гас за околу 20 до 30 проценти, според наша пресметка. Ова е идеја која ќе ја реализираме сега, но таа идеја е уште од самото формирање на ЈП, веќе подолг временски период мрежите до овие институции се изградени, се чека само официјалниот приклучок кој ќе го спроведеме, се надевам оваа година, изјави Митровски.

Освен дистрибуција и снабдување со гас, претпријатието континуирано работи и на проширување на гасоводната дистрибутивна мрежа. Се планираат дополнителни неколку километри годинава и во текот на 2026 година, посочуваат надлежните.

Предвидени проекти се кон населба Карпош, улица „Доне Божинов“ до хотел Сателит, дел од улица „Никола Тесла“, улица „11 Ноември“ до ОУ „Толи Зордумис“, улица „АВНОЈ“ со дел од „Видое Смилевски Бато“, и веќе почнаме со изградба, меѓутоа не ја довршивме, со овие средства планираме да ги довршиме улиците „Горна Милановачка“ и „Вараждинска“, тука се планирани и улиците „Тоде Думба“, „Драган Стопаревиќ“, изјави Митровски.

Митровски појаснува дека со оглед на тоа што станува збор за улици во централното градско подрачје очекуваат и зголемен број на приклучоци пред се, од домаќинствата, а паралелно со тоа ќе се намали и аерозагадувањето во општина Куманово, што е и основната цел на претпријатието.