Приведен бугарски државјанин за измама на повеќе пензионери

Државјанин на Република Бугарија е приведен под сомнение дека измамил повеќе граѓани на Куманово, со наводни сообраќајни незгоди.

„Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 15 часот и 40 минути во содејство со Оддел за криминалистичка полиција и СВР Скопје го лишиле од слобода 59-годишно лице од Република Бугарија. Тој се сомничи дека на територијата на Куманово во соработка со повеќе лица извршил измами со наводни сообраќајни незгоди над повеќе лица. Бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“, соопшти МВР.

СВР Куманово апелира до граѓаните да бидат внимателни  кога непознати лица им се јавуваат, да не наседнуваат на измами во кои лажно се нудат услуги и сите сомнителни случаи да ги пријават. СВР Куманово презема мерки и активности за пронаоѓање и санкционирање на сите сторители на измамите.

Од почетокот на месецот четворица пензионери беа жртви на измама, а неколкумина пријавиле обид за измама.
Највисоката сума пари изнудена преку телефон во досегашните пријавени случаи во полицијата е 30.000 евра.